Винскиот регион Тиквеш е составен дел на Повардарскиот вински регион, кој се наоѓа во централниот дел на Македонија. Познат по своето вештачко езеро и градовите Кавадарци и Неготино, Тиквеш е центарот на македонската производство на вино кое се произведува повеќе од 120 години. На плодната рамнина од околу 2.000 квадратни километри сместен во централна Македонија, Тиквеш лозјето се наога на благо брановидни ридови во просек од 300 метри надморска височина.
Климата се карактеризира со долги топли лета и благи и врнежливи зими, со просек од 460 мм врнежи годишно. Надморска височина на Тиквешките виногради се движи помеѓу 110 и 650 метри. Реката Вардар со нејзините притоки и другите реки ја пресекува долината на нејзин западен и источнен дел. Овие два дела се многу различни по релјефот, климата, површинските води, квалитет на почвата, флората и фауната.
Источниот дел на долината е сув и ретко населен, додека западниот дел е плоден и густо населен. Оваа област исто така богата е со шуми, минерали, пасишта, лозја и овоштарници.
Тука најзастапени видови вина се Кратошија, BURGUNDEC, CABERNET SAUVIGNON, MERLOТ, а од белите вина: Смедеревка, CHARDONEY, MUSCAT OTONEL, Траминец .