Фирмата КМС МАЛЕРИЧ од Неготино е генерален застапник на реномираната фирма за инокс опрема КМС ИНОКС ПРОИЗВОДИ од Словенија.

КМС МАЛЕРИЧ во Македонија е присутна 5 години, а нејзиното успешно петогодишно работење се заснова на промоција и продажба на производи изработени од високо нерѓосувачки челик кој ги исполнува светските стандарди за квалитет а со тоа овозможува исполнување на барањата и потребите за ефикасна и квалитетна работа.

Од својата широка палета производи може да се издвојат

 комплет опрема за винарска визба во која се вклучуваат : млинови за грозје со различни капацитети, водени и пневматски преси, плочести филтри, полначки, стабилизатори, ферментатори како и најразновидни модели на цистерни со зафатнина од 10л до 10000л за чување вино и други течности.

Како одговор на стандардно врвниот квалитет на нашите производи, модерната технологија и иновативноста се се поголемиот број на новоизградени винарски визби како во Тиквешкиот регион така и пошироко на целата територија на Р.Македонија, Р.Албанија и др.

Стратегијата за развој во иднина е насочена кон формирање на сопствена производна линија на целокупниот асортиман по лиценца на производителот од Словенија. Оваа производство е со цел да се задоволат потребите на купувачите за нарачка на производи по сопствени димензии од најмодерно-технолошки иновативни програми.

КМС МАЛЕРИЧ е компанија која што го гарантира квалитетот сигурноста и довербата, што се потврдува и со нашето мото ИМАЈTЕ ДОВЕРБА ВО НАС, НИЕ ПОСТОИМЕ ЗА ВАС.