Садот за ладење е наменет за ладење на течности ( вино, сокови, шира…) Изработен е од двослојна површина што не рѓосува. Нејзината битна предност е во потполно автоматско ладење на течностите. Температурата во садот за ладење по желба лесно се регулира и одржува. Во садот за ладење е вграден компресор со електронски термометар, кој управува со целокупната постапка и обезбедува потполна автоматизација и сигурна работа на садот. Садот за ладење е составен од: слободно поставена цистерна, компресор, вентилатор, електронски термометар – единица за регулација (регулација на температурата од -30 до +30 степени целзиусови).
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.